Блејк Лајвли (34) е дама која е позната по совршеното чувство за мода, а жените ширум светот се восхитуваат на нејзините стајлинзи. Речиси секогаш е на листата на најдобро облечени жени, а со години му е верна на својот препознатлив стил.
Таа е секогаш ѕвезда на црвениот тепих, па фановите беа изненадени што во текот на денот додека ги извршува секојдневните активности изгледа малку неуредно.
Папараците неодамна ја фотографираа додека се шета по улиците на Њујорк со нејзината ќерка, а не е доволно само да се каже дека фотографиите предизвикаа бурни коментари. Имено, да не знаевме дека се работи за актерката, тешко ќе се погоди дека е таа.
Неуредна коса, лежерен стајлинг и целосно без шминка, актерката не оставаше впечаток на голема филмска ѕвезда.
Блејк, сепак, претпочита удобен стајлинг додека ги извршува обврските како и секоја друга мајка на овој свет, и сосема е во ред да не изгледате секогаш гламурозно. Дали се согласувате?