НЕЧИСТОТИЈАТА ОД ДАСКАТА ЌЕ ИСЧЕЗНЕ! Искористете три намирници за чистење!

popara12 јули, 20221min00
316039_table-4104652-960-720_f

Даската за сечење ја користиме секој ден во кујната. Со текот на времето се акумулираат одредени нечистотии кои треба да се исчистат

Несоодветната грижа може да стане сериозна закана за нашето здравје. За разлика од пластичните даски кои можете да ги миете во машина за садови, дрвените кујнски даски бараат малку повеќе грижа.

Солта, лимонот и сода бикарбоната се одлично решение

Даската треба да се исчисти, да се исплакне и да се исуши од двете страни бидејќи течноста од храната може да капне на другата страна и да ја извалка. За да бидете сигурни дека успешно сте ги отстраниле сите бактерии, наместо да користите хемикалии, дрвената даска можете да ја исчистите со две состојки кои ги имате во кујната, а тоа се сол и лимон.

Се што треба да направите е да посипете сол на даската и да ја истриете со половина лимон. Оставете ја исчистената даска да отстои неколку минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. За да ги отстраните непријатните мириси од даската, во оваа смеса додадете сода бикарбона.

Добро исушете ги

При чистење на дрвените даски, како и сите други дрвени додатоци, се препорачува да се измијат со малку детергент за миење садови, да се исплакнат со топла вода, да се пребришат и да се остават да се исушат во исправена положба, за да можат да се „проветрат “ од сите страни.

Никогаш не ги мијте во машина за миење садови бидејќи силниот проток на топла вода во комбинација со хемикалиите ќе ги направи подложни на пукање и виткање. Ако даската има некои вдлабнатини од ножот, обидете се добро да ги исчистите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma