
Инспирирајте се од стајлингот на модната трендсетерка, актерка и претприемач која не знае што значи неуспех.
Џесика Алба (41), подеднакво се истакнува и кога се во прашање дневните и свечените изданија.

Младата актерка и претприемач уште еднаш го покажа своето ненадминливо чувство за мода во најпопуларниот модел на фармерки оваа сезона со широки ногавици и висок струк.

Џесика ги спои овие сестрани светли тексас фармерки со црн топ украсен со тантела и долга кошула, а црешата на шлагот на овој стајлинг беше впечатливата Шанел чанта од зелена кожа со златен синџир.
Убавата актерка имаше црни сандали на стапалата, а косата и шминката беа во нејзиниот вообичаен стил. Благи локни и дискретна шминка со акцент на очите, додека како детали носеше многу алки во разни бои од различни монистра.