По долг стресен период или период на интензивни емоции, менталната исцрпеност е речиси неизбежна. Исто како што нашето тело покажува симптоми кога премногу работиме, нашиот ум покажува знаци на ментална исцрпеност доколку не водиме грижа. Во продолжение се некои од најочигледните знаци за ментална исцрпеност.
„Краток фитиљ“
Доколку лесно се нервирате и бргу губите трпение со луѓето, особено во споредба со претходно, тоа може да биде знак за ментален умор.
Анксиозност
Анксиозноста, исто така, може да биде знак за ментална исцрпеност. Главниот симптом на анксиозноста е паничен напад без причина.
Лош сон
Дали ви треба повеќе време за да заспиете, особено во споредба со порано? Телото можеби ви кажува дека сте ментално уморни. Знак може да биде и честото сонување, а тоа дополнително може да ве измори.
Хоби
Доколку губите интерес за работите што порано сте сакале да ги правите во слободно време, веројатно сте преморени.
Потреба за самотија
Знак за ментална исцрпеност може да биде и потребата за самотија. Не чувствувате доволно блискост со луѓето како порано, па затоа ви треба време сами со себе.