Не ги игнорирајте! Симптоми кои предупредуваат на срцеви заболувања

popara6 декември, 20221min00
Screenshot_2

Стресот, нездравиот начин на живот и лошата исхрана се само дел од причините за проблеми со срцето. Не дозволувајте да дојде до тоа. Препознајте ги симптомите

 

 

 

Не за џабе се рекло ,,Здраво срце – долг живот!”. Доколку ги оставиме на страна останатите причини за срцеви заболувања, може да се рече дека една од главните причини е тоа што не ги препознаваме симптомите кои ни укажуваат на тие заболувања. Проблемот лежи во тоа што симптомите може да варираат од човек до човек и не се лесно воочливи. Различни срцеви заболувања бараат различни типови на лечење, но може да имаат исти или слични симптоми. Затоа, доколку забележите позачестена појава на некои од следните знаци за срцеви заболувања обратете се на лекар за да може да добиете точна дијагноза и совет за понатамошно лечење доколку е потребно.

 

Вртоглавица, немање здив, мачнина

 

Сите овие можат да бидат знак за срцево заболување. Ако не страдате од астма, неможноста да земете здив може да биде знак за срцев удар. Повраќање, гадење, потење и вртоглавица може исто така да се случат за време на срцев удар, а во исто време вртоглавицата и немањето здив може да укажуваат и на аритмија.

 

Притисок и болка во градите

 

Доколку почувствувате болка и притисок во градите препорачливо е да посетите лекар затоа што тоа може да е знак за срцев проблем. Болката во градите која може да укажува на срцев удар најчесто се појавува во пределот под градната коска, но малку на левата страна од градите. Болката може да се прошири и на раката, вратот и вилицата.

 

Вознемиреност и засилено или нерегуларно срцебиење

 

Друг знак дека можеби се соочувате со одреден срцев проблем е честата вознемиреност која во некои случаи е проследена со вртоглавица. Нерегулираното биење на срцето заедно со чувство на слабост, вртоглавица или отежнато дишење може да укажува на неколку видови на срцеви заболувања.

 

Замор и потење

 

Чувството на замор и голема слабост можат да бидат исто така предвесници за срцев удар. Пред самиот срцев напад можно е одеднаш да ве облее ладна пот.

 

Ова се некои од најчестите знаци дека се соочувате со срцево заболување. Но, не заборавајте дека голем дел од срцевите болести делат исти симптоми. Затоа дозволете му на вашиот лекар да утврди дали има и за каков проблем станува збор. Навременото откривање на било какво заболување е секогаш добредојдено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag