Не ги фрлајте лушпите од јајца! Тие се одличен извор на калциум, помагаат при алергии и гастритис, а еве и како

popara26 декември, 20221min00
25458_shutterstock-1626806662_f

Постојат многу работи кои го одземаат калциумот од нашето тело, како што се алкохолот, кафето и газираните пијалоци

Недостатокот на калциум е карактеристичен за бремени жени и жени во менопауза, постари мажи и луѓе кои страдаат од дигестивни нарушувања.

За да се зголеми внесот на калциум, најдобро е да се свртиме кон лушпата од јајце, која е најдобар природен извор на овој минерал, а телото лесно го апсорбира, бидејќи хемискиот состав на лушпата е речиси идентичен со човечките заби и коски. Содржи совршен сет на идеални материи за третман на кариес, големи количини на калциум и уште 27 минерали, пишува „Објектив“.

Го зајакнува телото и ја чисти крвта

Земете 4 или 5 лушпи од јајца и добро измијте ги, издробете ги во прав и ставете ги во три литри вода. Водата со лушпите чувајте ја во фрижидер една недела и користете ја како вода за пиење. Пијте по три чаши на ден.

Ја ублажува дијареата

Кога ќе се појави дијареа, најчесто прашање е како да се запре. За овој непријатен проблем помага лушпата од јајце. Истурете половина лажичка прашок од лушпи од јајце во чаша вино и испијте ја. Овој пијалок ќе помогне и во ситнење на камењата во бубрезите и мочниот меур.

Против алергии

Се препорачува при наследни склоности кон алергиски заболувања, особено кај децата. Една лажичка лушпи од јајце во прав со неколку капки сок од лимон се зема еднаш дневно во период од еден до неколку месеци. Проблемите со алергии ќе бидат ублажени, а многу често и целосно елиминирани.

За тироидната жлезда

Добро измијте лушпи од осум јајца, исушете ги, издробете ги, прелијте ги со сок од два лимона и оставете ги во фрижидер неколку дена. Кога ќе се растопат лушпите, процедете ја течноста и измешајте ја со литар ракија и килограм мед. Оставете да отстои седум дена пред употреба. Консумирајте по една лажица, два до четири пати на ден после јадење.

Гастритис и чир

Помешајте една лажица мелени лушпи од јајца со една лажица шеќер и една лажица мелено мускатно оревче. Земајте по една лажица три пати на ден во рок од 20 дена. Исто така, рецептот може биде и на врв на нож лушпи од јајца помешани со две лажици сок од лимон. Кога лушпите ќе се растворат во сокот, додадете децилитар топло млеко. Земајте два пати на ден, наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma