НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ СТАРИTE ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА! Еве како можете да ги искористите паметно!

popara9 октомври, 20221min00
Screenshot_1

Сигурно и вие секојдневно фрлате по неколку пластични шишиња, а притоа воопшто не ни помислувате дека можете да ги искористите за да направите прекрасни и корисни работи. Со само мало трпение и желба, од навидум некорисните работи, ќе создадете предмети што потоа ќе можете да ги употребувате секојдневно.

 

 

Земете какво било пластично шише. Отстранете го капачето и држете го над свеќа неколку секунди. Откако малку ќе се стопи пластиката, развлечете ја средината на капачето со стапче, а потоа исечете го врвот и ќе добиете одлично шише што ќе можете да го користите за различни намени.

 

Доколку пак го пресечете шишето на половина и краевите ги стопите со помош на пегла, тоа ќе можете да го користите за складирање различни работи, како што се четки, пенкала и слично.

 

Од старите шишиња исто така можете да направите и чаша со дршка, така што на шишето од страната ќе нацртате правоаголник, ќе го исечете задно со врвот, па ќе го завиткате надолу.

 

Ако пак сѐ уште не го знаете стариот добар трик за користење на врвот од шишето, време е да го дознаете! Доволно е да го исечете, да го ставете во пластична кеса, да ја свиткате ќесата на пола па да го затворите капачето.

 

Покрај другото, од старите шишиња можете да направите и саксија за цвеќе. Пресечете го шишето на половина, вметнете конец низ отворот, заврзете го и завртете го горниот дел во долниот, така што долу ќе ставите вода, а во горниот дел земја и ќе ја посадите билката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma