5 работи кои можат да ја уништат секоја врска
Ако сте во врска која ве радува и во која се чувствувате добро, никогаш не треба да ги правите овие работи.
Приговарање
Никој не сака да поминува време покрај некој кој постојано негодува, особено ако се работи за емотивен партнер. Ако сфатите дека сте почнале да го правите ова, веднаш престанете. Вашата нервоза на работа или други проблеми не мора да ги вадите кај партнерот/ката бидејќи може да добие впечаток дека тие се причина за вашата нервоза.
Не дозволувајте партнерот да биде депонија за негативна енергија и дајте му простор. Излезете одделно и не се жалете за секоја ситница, дури и ако тоа не ви изгледа како мала работа…
Незаинтересираност
Најчесто „незаинтересираноста“ не настанува свесно, туку преку монотонијата на другите сегменти од животот. Луѓето кои работат многу и живеат за работата можат да се најдат во маѓепсан круг на напорни денови. Не дозволувајте вашата работа да биде единствената важна работа во вашиот живот и она на што се фокусирате. Исто така, потрудете се тоа да не ви биде единствена тема на разговор со партнерот. Организирајте вечера со неа или него и исклучете го телефонот за тоа време. Не се јавувајте во канцеларија, не одговарајте на е-пошта, одвојте малку време само за вас двајца.
Форсирање брак
Веќе подолго време сте во врска и само чекате тој да ве запроси. Помина долго време и време е за прстен, нели? Не присилувајте ништо, не брзајте во врска, дури и ако сте на почеток на врска и многу заљубени, не брзајте да се сретнете со родителите или било што друго. Уживајте во моментот.
Недоверба
Столбовите на секоја врска се љубовта и довербата. Ако постојано „си ја разбивате главата“ за тоа каде е, со кого е, што прави, природно е дека ќе станете понервозни, што многу ќе влијае на вашата врска со личноста со која сте, како и на целата ваша врска. Кога довербата ќе исчезне, врската може да оди само надолу.
Жалење
Жалењето не е пријатно никој да го слуша. Понекогаш е лесно да се заборави дека не сме единствените со нашите проблеми. Луѓето сакаат да бидат опкружени со луѓе со позитивна енергија, па имајте го тоа на ум следниот пат кога ќе почнете да се жалите за секоја ситница што ви се случила тој ден.