Иако повеќето луѓе веруваат дека замрзнатата храна може да остане во таа состојба многу долго, вистината е дека дури и тие имаат рок на траење.
Секако, најкритично е меленото месо, кое има најкраток рок на траење, дури и кога е длабоко замрзнато.
Познато е дека месото исечено на ситни парчиња најлесно се расипува, поради што ризикувате сериозно труење, па затоа сировите полнети тиквички и пиперки, дури и кога се во фрижидер, треба да се јадат што поскоро.
А каква е состојбата со оваа храна која е замрзната?
Експертите велат дека зависи од тоа дали месото е варено или сирово, како и од тоа како е спакувано.
Што се случува кога ќе го ставиме ова месо во замрзнувач?
Ја губи својата влажност, бидејќи водата се претвора во цврст мраз, а тоа е главната причина поради која го губи вкусот, тврдат експертите од американското Министерство за земјоделство.
Ако месото се пржи или динста, а потоа се стави во замрзнувач, безбедно е да се јаде во наредните два до три месеци. Во тој временски период ниту неговиот вкус нема значително да се промени бидејќи дел од таа влажност веќе исчезнала при готвењето.
Кога станува збор за свежо месо кое не е термички обработено, терминот е нешто подолг – три до четири месеци.
Важно е и како сте го спакувале месото пред да го оставите во фрижидер. Експертите велат дека доколку го чувате во оригинално пакување (завиткано во месарска хартија), не треба да стои во фрижидер подолго од две недели.
Доколку планирате да го чувате подолго од тоа, тогаш се препорачува да го завиткате во проѕирна фолија или да го ставите во пластична кеса за замрзнување.
Практичен совет е да го запишете датумот на ставање во замрзнувач на пакувањето. Ова ќе ви помогне да знаете без одмрзнување дали сè уште е безбедно за јадење или дали треба да го фрлите.