Не го фрлајте ТАЛОГОТ ОД КАФЕТО! Искористете го за да ги исчистите ОВИЕ ПЕТ РАБОТИ во вашата кујна

popara12 април, 20221min00
670d158368be22ba50d77342ef6d3399cccfb344

Дали го испивте утринското кафе? Не го фрлајте талогот, туку видете како можете ефикасно да го искористите во вашата кујна!

Талогот од кафе е абразивен, што го прави одличен чистач за тенџериња, тави, рерни и фиоки во фрижидерот со непријатен мирис. Чистењето на овие тешки кујнски дамки често може да изгледа како бесконечна работа, но талогот може да биде брзиот одговор што го барате.

Зачуваниот талог можете да го користите за следните работи

  1. Чистење садови

Грубата текстура на меленото кафе го прави идеален за чистење на тавите кои тешко се чистат – и е многу подобар за животната средина од абразивните сунѓери. Сè што треба да направите е да измешате две до три лажички талог со топла вода и сапун и да ги триете садовите со мек сунѓер додека не се исчистат. Кафето е природен одмастувач, па вашите садови за кратко време ќе бидат беспрекорни.

  1. Чистење на скарата и рерната

Отстранувањето на маснотиите и нечистотијата од вашата рерна не е лесна задача. Сепак, киселоста на кафето е одлична за отстранување на цврсти дамки. Потопете ги решетките за скара во мијалник околу 45 минути во раствор од топла вода и неколку лажици талог и ќе видите дека цврстите дамки ќе се стопат, оставајќи ја скарата како нова.

  1. Освежувач за фрижидер и канти

Кујнските корпи и фрижидери се магнет за бактерии и непријатни мириси, но кафето е уште една одлична тајна состојка која може да помогне засекогаш да се елиминираат лошите мириси. За да го пробате ова дома, се што треба да направите е да го ставите талогот од кафе во шолја, па во фрижидер. Кафето е одличен апсорбирач на мириси, така што може да се користи за да се направи вашиот фрижидер да мириса свежо. Истото може да се направи со вашата кофа; само ставете една лажичка кафе на дното пред да ја ставите кесата за ѓубре и сите лоши мириси ќе исчезнат.

  1. Чистење на кујнските површини

Кафето е одлично и за отстранување на дамките од плочките кои тешко се чистат – измешајте неколку лажички остатоци од сапун и ќе имате сопствено средство за чистење на површините. Овој метод може да се користи и на дрвени површини кои имаат гребнатини – натопете една лажичка кафе во топла вода и нежно тријте ја површината. Ова ќе ја намали појавата на гребнатини и дамки“.

  1. Одзатнете го мијалникот

Кујнскиот мијалник не ја пропушта водата? Обидете се да истурите талог од кафе во мијалникот, а потоа течен сапун и зовриена вода. Ова ќе ви помогне да ги отстраните сите блокади и да се ослободите од мирисот од одводот за кратко време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma