НЕ ДОДАВАЈТЕ МАСЛО Еве како тестенините да не се залепат додека се варат

popara20 септември, 20221min00
Screenshot 2022-09-20 211246

Ако сте загрижени дека овие намирници ќе ви се залепат за време на варењето, постои состојка која е поевтина

Кога готват тестенини или ориз, многу луѓе додаваат малку масло во водата за да се погрижат храната да не се залепи. Меѓутоа, готвачите долго време тврдат дека тоа е погрешен метод кој подоцна не дозволува сосот убаво да се соедини со тестенините или оризот.

Ако сте загрижени дека овие намирници ќе ви се залепат за време на готвењето, постои состојка која е поевтина и помага исто како и маслото.

Станува збор за сок од лимон. Се што треба да направите е да исцедите малку сок од лимон во водата во која се варат. Сокот од лимон исто така малку ќе влијае на вкусот на јадењето, ќе му даде посебен вкус, а тестенините сигурно нема да се залепат.