Едно од парчињата облека што најмногу се носи во текот на пролетта се дефинитивно тексас јакните.
Лесно се вклопуваат во остатокот од стајлингот, а идеални се за вечерни прошетки кога воздухот е малку ладен.
Со секоја нова сезона добиваат нов изглед, се носат кратки, долги, со и без реси, темни и светли, со многу детали, искинати.
Списокот нема крај. Затоа се едно од омилените парчиња облека на многу не само жени, туку и мажи.
Доколку и вие сте едни од нив, овие совети можат да ви помогнат да одберете така што вашата јакна е во тренд. Еве ги најчестите грешки кога станува збор за купување на нова тексас јакна:
1. Во тренд е искинато, но дупките не
Изминатите години искинатите модели станаа вистински хит. И тој тренд се одрази во омилените тексас јакни.
Меѓутоа, доколку не сакате да изгледате несериозно и евтино, советот е да изберете модели кои имаат само неколку искинати делови или воопшто немаат. Искинатите модели се повеќе за некои опуштени излегувања, прошетки, никако не се нешто што треба да го носите, да речеме, на работа.
2. Премногу тесен крој
Многу жени мислат дека ако облечат тексас јакна со тесен изглед, ќе ги истакнат своите атрибути и ќе ги сокријат своите недостатоци. Сепак, тука често се прави грешката. Тексас јакната која е тесна не крие, туку ја нагласува несовршеноста на фигурата и нејзината диспропорција.
Затоа изберете поопуштени модели, рамни кроеви, а оние девојки кои имаат вишок најдобро е да се одлучат за модели кои се подолги и ги покриваат струкот и колковите.
3. Изберете ја вашата големина внимателно
Ова е една од најчестите грешки, бидејќи ако јакната е премала, не може да се закопча, а потоа колковите изгледаат уште пошироко. Ист е случајот и со онаа што е преголема, бидејќи стилот додава тежина.
При изборот на тексас јакна, важна е висината и должината на облеката, како и должината на ракавите. Повисоките девојки треба да избираат пошироки и подолги модели, а оние кои се пониски да изберат пократки модели.
4. Премногу детали
Тексас јакните често имаат многу детали, светки, налепници, циркони, натписи и шарени детали. Иако понекогаш се чини дека тоа е она што им дава поатрактивен изглед, понекогаш всушност повеќе е помалку. Постои правило кога станува збор за гардеробата, а тоа е – колку повеќе украсни детали, толку поевтино изгледа гардеробата. А тоа правило може да се примени и на фармерки.