
Ги отстранува дури и најтврдокорните дамки и нечистотии!
Домаќинските трикови се секогаш добредојдени, а причината е што им помагаат на домаќинките побрзо и полесно да ги извршуваат домашните работи.
Бигор, жолти дамки и нечистотија немилосрдно се лепат за кадата и предизвикуваат многу проблеми. На пазарот има многу средства за чистење и тешко е да се открие што е најдобро за кадата и кои производи можат да ја оштетат.
За среќа, постои моќна алатка која ќе ви помогне да ја отстраните и најтврдоглавата нечистотија од кадата.
Сѐ што ви треба за совршено чиста бања е грејпфрут и сол.
Ставете го грејпфрутот во микробранова печка 20 секунди, а потоа со крпа тркалајте го на работната површина во кујната. Пуштете топла вода во кадата и погрижете се и ѕидовите да бидат влажни.
Кадата поросете ја со сол, а потоа преполовете го грејпфрутот и посипете го со една лажица сол.
Изрибајте ја кадата со посолениот цитрус.
Брзо ќе видите како нечистотијата реагира на киселината од грејпфрутот, како и на солта. Предноста на овој природен чистач за кади лежи и во тоа што ќе ја почувствувате фината арома на овошјето и нема да вдишувате хемикалии.