Не мора да ги фрлате: Ако фармерките ви се смалиле од перење, ќе ги раширите со овие трикови

popara28 јануари, 20221min00
Tesne-farmerke

Поради високата температура на водата и големото количество еластин во нив, се случува да се стеснат

Ако ова ви се случило, не очајувајте. Постојат неколку трикови со кои можете да се „извлечете“ од ситуацијата.

Се зависи од тоа какви се фармерките, односно од што се направени.

Како и секогаш во тешки ситуации, решението е прилично едноставно – се што ви треба е пегла и влажна крпа.

Обични фармерки без ластик

Фармерките без ластик треба да се повлечат преку даска за пеглање и да се навлажнат со сунѓер или спреј.

Ставете ја пеглата на опцијата за ослободување на пареа и испеглајте ги долж половината, а во исто време влечете го тој дел.

Ова ќе ги истегне до нивната претходна големина.

Фармерки од цврст тексас

На ист начин како што ги растегнавте фармерките без ластик, можете лесно да ги истегнете фармерките од крут тексас кои содржат многу мала количина еластин, или воопшто не го содржат. Развлечете ги и намокрете ги, а потоа со делот од фармерките кој треба да дојде на половината ставете ги на закачалка и оставете така да се исушат.

Фармерки со ластик

Повлечете ги панталоните на даската за да ги затегнете и ставете влажна крпа на ластикот. Вклучете ја пеглата и цврсто притиснете ја крпата.

Треба да држите така 10 секунди, а потоа да ја тргнете пеглата, исто така на 10 секунди. Постапката треба да ја повторувате додека не ги истегнете панталоните до саканата големина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma