Почина легендарниот актер
Актерот Пол Херман, кој на јавноста и е познат по улогата во легендарната серија „Сопранови“, почина на 76-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја објави Мајкл, кој исто така глумеше во оваа култна серија, а преку социјалните мрежи се прости од легендарниот актер.
– Почина нашиот пријател и колега Пол Херман. Беше одлично момче. Првокласен наратор и пеколен актер. „Goodfellas“, „Once Upon a Time in America“, „The Irishman“ и секако „The Sopranos“ беа кулминација на неговата кариера. Пол живееше блиску до мене, буквално зад аголот, во последните неколку години и мило ми е што поминавме некое време заедно пред да не остави. Ќе ми недостига – напиша Империоли.