Фактот дека можеби имате одредени сомнежи за бракот е сосема нормално, па дури и пожелно. Вашиот инстинкт е тој што ве тера да ги преиспитувате важните работи на кои имате намера да се посветите.
Во никој случај не треба да ги потиснувате овие мисли и да се воздржувате да си поставувате некои важни прашања. Прилично е лесно да се каже „Да“ пред матичарот, но многу е потешко да ги исполниш заветите и да останеш во брак. Многумина ја романтизираат идејата за брак мислејќи на гламурозна свадба и меден месец, а многу малку се оние кои се свесни дека реалноста е поинаква.
Дали ви се допаѓа таков каков што е сега?
Многумина од нас се во врска со личност за која мислат дека можат да ја променат. Можеби размислувате дека „ми се допаѓа, но има некои работи за него што треба да се променат“ или „тој има некои аспекти од неговата личност што не ми се допаѓаат, но тие ќе се променат со текот на времето“. Во двата случаи, не можете да погрешите повеќе. Луѓето не се менуваат затоа што ние сакаме или очекуваме од нив. Во повеќето случаи, личноста со која ќе се омажите останува она што е до крајот на вашиот живот.
Дали всушност сакате само да имате гламурозна свадба?
Најдобриот совет што можеме да ви го дадеме во овој поглед е: ако навистина сакате да се омажите, организирајте забава за поширок круг пријатели и облечете гламурозен фустан. Зошто? Од едноставна причина што огромен број девојки се опседнати со идејата за „брак“. Она за што повеќето луѓе не размислуваат е што всушност е бракот. Ако свадбата е сè што ве привлекува, треба да почекате уште малку пред да одлучите да се омажите. Затоа што иако од детството сме бомбардирани со „среќни до крајот на животот“, таа среќа бара многу повеќе од гламурозна свадба.
Дали планирате да се омажите затоа што „е вистинското време“?
Можеби никогаш не сте размислувале во таа насока, но факт е дека бракот е „заразен“. Ако повеќето од вашите пријатели се во брак и на пат да имаат бебе, можеби мислите дека е вистинско време и вие да се омажите. Можеби и малку ќе им завидувате затоа што мислите дека тоа е животот што го сакате. Сепак, би било навистина добро да застанете и да се запрашате: дали е ова она што го сакате СЕГА? Не сакате да се омажите за некого и да се обврзувате до крајот на животот затоа што сите околу вас го прават тоа и ви вршат притисок дека е „време“.
Дали се венчате само за себе?
Добро, можеби сте на одредена возраст кога бракот е логичен чекор. Вашите пријатели мислат дека треба да се венчте, а вашите родители се венчале на ваша возраст. Можеби и тие ве гледаат со неодобрување бидејќи живеете во вонбрачна заедница. Исто така, може да се случи да сте бремени, па стапувањето во брак е логичен чекор. Да, постојат многу причини кои општеството може да ви ги наметне за да ве омажи. Сепак, дали се венчате за другите или за себе? Дали мислите дека тој е вистинската личност за вас или подлегнувате на притисокот на околината?
Дали вашите вредности и цели навистина се усогласени?
Повторно нагласуваме, свадбите се забавни, но бракот е комплициран. Клучен дел од успехот во бракот е усогласување на вредностите, целите и традициите на кои се држат двајца луѓе. Затоа е важно да бидете сигурни дека ги делите истите ставови кога станува збор за вашата иднина. Не сакате да фантазирате за основање семејство со некој кој се грижи само за неговата кариера. Сакате заедно да работите кон исти цели. Не би ви било добро да претпоставите дека тој го сака истото како вас.