Иако принцезата Дијана беше трагично убиена пред 25 години, таа е една од најомилените личности од британското кралско семејство.
Луѓето ја паметеа по љубовта што ја делеше со сите, по правилата на животот, по ведриот дух, но сите знаеја и за нејзиниот несреќен брак со принцот Чарлс.
Иако нивниот брак од самиот почеток беше осуден на пропаст бидејќи принцот сакаше друга жена, нејзината најголема радост и среќа беа синовите Хари и Вилијам, кои се потсетници за неа и нејзиниот живот.
Сепак, малкумина знаат дека Дијана никогаш не сакала да биде принцеза, туку се гледала себеси во танцот. Уште од мала сакала да биде балерина, но нејзината висина ја спречила во тоа.
Во 2017 година, професорката по балет на Дијана, Ен Алан, откри каква била соработката со принцезата:
– Танцувањето ѝ беше во душата. Можев да го почувствувам чистото уживање што балетот го предизвика во неа. Тој ѝ помогна да се справи со нејзиниот емотивен живот.
Иако танцот и поминал добро, таа не била добра на училиште. Според Harpersbazaar, таа прво учела дома на 9-годишна возраст, а потоа била испратена во интернат, кој го напуштила на 16-годишна возраст поради слабите резултати. После тоа, таа отиде на училиште во Швајцарија, каде што го запозна Чарлс.