Вареното вино одамна се етаблирало како најпопуларен пијалок во периодот на празниците, но има многу на кои тоа навистина не им се допаѓа. Ако и вие барате вкусна алтернатива за варено вино, зошто да не пробате чоколаден пунч? Во продолжение ќе најдете рецепт за топол пијалок кој сигурно ќе ви ги стопли душата и телото во ледените зимски денови.
Состојки:
100 гр темно чоколадо
100 гр млечна чоколада
400 мл млеко
100 мл рум
прстофат сол
Подготовка:
Чоколадото искршете го на коцки и ставете го во садот за готвење. Додадете млеко и ставете го садот на шпорет и полека растопете го чоколадото на пониска температура. Кога чоколадото целосно ќе се раствори во млекото, додадете го румот и солта и малку засилете го огнот за да зоврие. Оставете го да се готви 3-4 минути, тргнете го од оган и послужете веднаш.