Состојки:
една шолја овесна каша
1 лажица чиа семе
1 лажица ленено семе
1 лажица мед
1 лажица протеин од кокос
1 шолја јогурт
половина чаша млеко
грст замрзнати капини
грст бадеми
2 реда темно чоколадо
Подготовка:
Најпрво треба да ги измешате сите состојки во еден малку подлабок сад, бидејќи сите ќе треба да ги соедините со миксер со стапче или едноставно да ги ставите во блендер, што е полесно.
Па додадете снегулки, ленено семе, чиа, па прелијте со јогурт и млеко и протеини. Сето тоа измешајте го додека состојките не се соединат. Потоа додадете мед и капини. Смесата полека ќе добива боја и сладост.
Потоа истурете го во сад ако сте го изблендирале во блендер, па врз сето тоа посипете бадеми и издробено темно чоколадо.
Пријатно!