НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАЈТЕ: Што да избегнувате на сезонските распродажби, а во што да инвестирате?

popara31 декември, 20221min00
Sezonska-rasprodaja

Колку пати сте потрошиле пари на некои парчиња облека за време на сезонска распродажба, а потоа никогаш не сте ги облекле или сте ги купиле набрзина, без да ги пробате, а дури подоцна сте сфатиле дека воопшто не ви стојат?

Ваквото нешто е доста вообичаено, особено за време на празничните продажби на поскапите продавници, а поискусните модни експерти се согласуваат на истото – некои работи се големо „не“ за купување бидејќи парите се фрлени на самиот почеток и наместо тоа, треба да обрнете внимание на други работи кои се секогаш добра инвестиција.

Работи што никогаш не треба да ги купувате на распродажба

1. Храбри и нови трендови кои се уште не сте ги пробале и со кои не се чувствувате удобно.

2. Неквалитетни парчиња од синтетички ткаенини кои ќе издржат само неколку перења.

3. Парчиња во помала големина. Колку и да сакате да се убедите дека ќе ослабете и дека нешто ќе ви изгледа неверојатно за неколку месеци, тоа искрено ретко се случува.

 Sezonsko sniženje

Работи кои треба да ги барате при распродажбата

1. Уште едно парче од моделот кое веќе го поседувате, а и самите сте се увериле дека одлично ви стои и е со одличен квалитет.

2. Класични и основни парчиња, особено оние со подобар квалитет.

3. Парче кое е за една големина (или неколку големини) поголемо затоа што секогаш можете да го стесните за да ви одговара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag