Блејк Лајвли се појави на ревијата на Мајкл Корс во друштво на својата сестра, која ги собра сите воздишки и погледи…
Актерката Блејк Лајвли (34) се појави на црвениот тепих на модната недела во Њујорк со нејзината полусестра Робин Лајвли (50). Тие две многу ретко се појавуваат заедно во јавноста, а овој пат постарата сестра ја засени помалата.
Иако Блејк носеше елегантна светло сина комбинација, доста сведена и секси, речиси сите погледи беа вперени во Робин, која во шестата деценија има тело на кое би позавиделе дури и двојно помлади девојки. Робин блесна во бела комбинација!
Робин, како и нејзината полусестра, е актерка, а можевте да ја видите во филмовите „Млада вештерка“, „Карате Кид 3“, „Кобра Каи“… Освен тоа, заедничко им е тоа што и двете се во брак со актери со кои имаат три деца. Блејк е сопруга на Рајан Рејнолдс, а Робин се омажи за Барт Џонсон во 1999 година.
Робин е ќерка на менаџерката за таленти Елен Лајвли и нејзиниот прв сопруг Роналд, додека татко на помладата сестра е починатиот актер Ерни, кој почина на 74-годишна возраст.
И, според вас, која сестра изгледа подобро, а која е подобро облечена?