Џенифер Гарнер (50) и Бен Афлек (50) некогаш важеа за еден од најкомпатибилните холивудски парови.
Тие беа во брак од 2005 до 2018 година и имаат три деца: Вајолет (17), Серафина (13) и Семјуел (10).
Нивните деца ретко се појавуваат во јавноста, а неодамна ситуацијата се промени и сите останаа без здив кога ја видоа најстарата ќерка Вајолет на вечера во Белата куќа.
Имено, Џенифер Гарнер и нејзината ќерка биле гости на гала вечерата во Белата куќа каде имало околу 400 ВИП гости.
Вајолет Афлек ѝ правеше друштво на мајка си на вечерата организирана од претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил по повод доаѓањето на францускиот претседател Емануел Макрон.
Мајката и ќерката, која многумина ја споредуваа со Џенифер и велат дека е „копија“ на мајка ѝ, беа преслатки додека влегуваа на гала вечерата држејќи се за рака.
Популарната актерка за оваа пригода избрала едноставен црн фустан од Ралф Лорен.
Тесниот црн долг фустан без ракави со блескави детали во горниот дел ѝ даде на Џенифер апсолутна елеганција и префинетост.
Црните чевли и чантата ја комплетираа комбинацијата.
Од друга страна, 17-годишната Вајолет избра фустан во иста боја, но тој беше целосно во склад со нејзините години.
Фустанот без прерамки во А крој, потпишан од брендот Carolina Herrera, ги воодушеви сите присутни.
Вајолет го „скрши“ монохроматскиот изглед со црвени лакирани чевли кои одлично се вклопија со фустанот. А со целата комбинација донесе и црна ташна.
Бидејќи роденденот на Вајолет е на 1-ви декември, сигурно немало подобар начин да го прослави нејзиниот 17-ти роденден отколку во Белата куќа.