Важно е и што правите после тренингот
Сите почетници, кога станува збор за тренинг, очекуваат брзо видливи резултати.
На почетокот се гледа мала промена, но како што одминува времето се чини дека телото достигнало одредено ниво на мускулна маса, па веќе некое време не напредува.
Ова често предизвикува незадоволство. Интензитетот на вежбањето се зголемува или се менува типот на вежбање, но резултатите повторно изостануваат. Разочарувањето што човекот го чувствува во тој момент често е доволна причина да се откаже од тренингот.
Сепак, тоа не е решение.
Пред се, знајте дека не сте згрешиле со зголемување на интензитетот на вежбите, воведување нови и понапорни вежби, зголемување на повторувањата, сериите и слично. Сте донеле добра одлука, без сомнение.
Сепак, треба да направите нешто друго. Постои можност вежбата да ја правите доста добро, но работите кои ги придружуваат вашите тренинзи да не помагаат за градење мускулна маса. Исхраната и одморот од тренинзите се подеднакво важни.
Кога станува збор за исхраната, многумина мислат дека е потребно само добро да се најадат после тренинг, за хранливите материи од оброкот да ги „напумпаат“ мускулите. Сепак, хамбургерите не се најдоброто решение.
Храната што ја јадете после тренинг треба да биде богата со протеини, доколку целта ви е да ја зголемите мускулната маса. Ако се обидувате да изгубите тежина, треба да ја прилагодите вашата исхрана во текот на денот на тренингот. Избегнувајте масти и шеќери.
За подобри и очигледни резултати, треба да го промените вашиот седечки начин на живот. Работи кои вклучуваат осумчасовно седење, покрај тоа што влијаат на вашето држење и таложење на масни наслаги.
Веројатно сте слушнале совети како „качувајте се по скалите наместо со лифт“ или „симнете се од автобусот порано“. Знајте дека ова се всушност добри совети. Покрај тоа, правете вежби за истегнување на маса и внимавајте што јадете во работното време, за да го подобрите држењето на телото.
Спиењето е третиот фактор. Потребно е да се одморите после тренинг, со цел вашите мускули да се опорават од стресот што го предизвикува самото вежбање. Недостатокот на сон предизвикува и зголемување на нивото на стрес, што дополнително доведува до нарушување на хормоните и таложење на масни наслаги.
Обидете се добро да спиете.