Не се само пеперутките во стомакот: Ова е главната ПРОМЕНА која се случува во вашиот мозок кога ќе се заљубите

popara27 август, 20221min00
Ljubavni-par-5-2048x1365

Вака се однесува телото кога имате љубовни чувства кон некоја личност

Кога сме заљубени, сите чувствуваме пеперутки во стомакот, но постојат и одредени промени на психички план.

Имаме повеќе адреналин, посреќни сме и поенергични и често не можеме да ги контролираме реакциите поради чувствата кои не обземаат.

Научниците ги интересирало како се однесува нашиот мозок кога сме заљубени, па затоа спровеле бројни студии за човечкото однесување.

Иако љубовта е емоција, докажано е дека чувствата и тоа како влијаат на физиологијата на нашето тело, вклучувајќи го и мозокот.

Во својата студија, биолошкиот антрополог Хелен Фишер и неврологот Луси Браун ги проучувале резултатите од скенирањето на мозокот на стотици луѓе во различни фази на љубовни и семејни односи. Тие забележале дека луѓето во долготрајни, среќни врски имале означена активност во три специфични области на мозокот: област поврзана со сочувство, област поврзана со контролирање на сопствените емоции и стрес и област поврзана со позитивни илузии.

По детална анализа дошле до заклучок дека кога сме заљубени, мозокот активира „позитивни илузии“ за да ја продолжи нашата среќа. Тоа ќе го направи со „исклучување“ на негативните проценки и фокусирање само на позитивното. Ова значи дека кога сме заљубени, нашиот мозок одлучува да престане да дава негативен суд за личноста што ја сакаме.

Тоа може да биде меч со две острици – од една страна, може да биде затворање очи пред вистината и идеализирање на партнерот, односно да не ги забележуваме неговите маани и да создадеме погрешна слика, а од друга страна, може да биде добро затоа што не тера да го сакаме партнерот без разлика на лошите особини што ги има, односно правиме компромис дури и кога некои негови карактеристики не ни се допаѓаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma