Не ја сакаат во филмот: ПЕТИЦИЈАТА за отстранување на Амбер Херд од големото платно достигна вртоглав број на потписи

popara16 мај, 20221min00
ff

Судењето меѓу актерката и нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп се уште трае

Оваа петиција беше покрената во 2020 година и повторно предизвика интерес во екот на актуелното судење на Џони Деп и споменатата актерка.

Деп ја тужеше Амбер за клевета поради написот од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост за преживеаното семејно насилство, иако никогаш не го спомена името на Деп во написот. Актерот поднесе тужба од 50 милиони долари во март 2019 година.

Херд ја играше улогата на Мера во филмот „Аквамен“ од 2018 година.

Креаторот на петицијата „change.com“ пишува дека Херд „го претставила Џони Деп како насилник во семејството“, повикувајќи се на тужбата на Деп. Досега 3 милиони луѓе ја потпишале оваа петиција.

Уште во ноември 2020 година, Деп ја загуби тужбата за клевета во Велика Британија против британскиот таблоид „Сан“, бидејќи го нарекоа „ тепач на жени“. Во март 2021 година, обидот на Деп да ја поништи одлуката беше одбиен.

Херд и Деп се запознаа на снимањето на „Drunk Diary“ во 2011 година, а се венчаа во февруари 2015 година.

Во мај 2016 година, Херд побара забрана за приближување поради семејно насилство и конечно се разведоа во август 2017 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma