Набавете ги на време
Дефинитивно со нетрпение ја очекуваме новата зимска сезона која ќе ја отвори вратата на високата мода.
Разни модели на чизми, зимски фустани, топли џемпери… Кој може да одолее на тоа?
Доколку планирате да купувате зимска облека, погледнете ги актуелните чизми.
- Каубојки
Ова е тренд кој ќе го носите и во пролетта 2023 година и тоа со тексас. Не мора да бидат класични каубојски чизми, туку изберете модел кој си поигрува со типичните западни детали: шпиц, ниска, карактеристична потпетица, длабочина…
Со што да ги комбинирате? Преку ден идеални се со блејзер и тесни фармерки, а навечер носете ги со мини фустани.
- Кожа со висок сјај
Кожата со висок фактор на сјај, вклучувајќи лак и металик стилови, направи големо враќање оваа сезона. Ако сакате ’’statement’’ парчиња, изберете црвена, а можете да се потпрете и на класичната црна боја.
Со што да ги комбинирате? Со тексас горни делови. И тексас воопшто.
- Чизми до колена
Веројатно ги имате во вашата гардероба – тие се тотална класика. Сепак, оваа сезона дизајнерите им дадоа нова сила. Глатка кожа, велур, па дури и платно – не е важно се додека петата е висока, а чизмата допира до коленото.
Со што да ги комбинирате? Со здолништа до колена од 90-тите.
- Набрани чизми
Зимата е крајно време за релаксација – а овие чевли ќе ви помогнат. Набраните чизми со ниска пета доминираа на ревиите на Off-White, Изабел Марант…
Со што да ги комбинирате? Со велур фустани и мека чанта.