Лавот е петтиот знак на Зодијакот. Покрај тоа што е огнен знак, тој е и машки знак, поради што сите Лавови и Лавици се храбри и не бегаат од ништо.
Може да се каже дека Лaвот не само што е крал на џунглата, тој е и крал на Зодијакот. Сонцето е неговата владејачка планета, што значи дека секогаш мора да биде во центарот на вниманието, вели астрологот Јована Вилимоновиќ и открива зошто Лавот е најдобриот знак.
Сака да биде во центарот на вниманието
Лавот сака да биде во центарот на вниманието. Некои ќе речат дека тоа не е предност, но во некои случаи сигурно е.
– Лaвот секогаш знае како да заврши некои бирократски работи што е можно побрзо, како да ја добие најдобрата маса во ресторанот. Доволно е дури и убаво да се облече и сите да го гледаат, а тоа понекогаш го сакаме сите. Дека сме во центарот на вниманието. Научете од Лaвот како тоа да го постигнете – советува астрологот.
Забавен е
Со Лавот секогаш е забавно и се труди да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Секогаш се труди да биде интересен, на најдраматичен начин да ги раскажува дури и авантурите од таксито, па задоволство е да го слушате. Ако сте во такво друштво, забавата е загарантирана.
Знае што сака
Лавот никогаш нема проблем да донесе одлука и точно знае што сака и како да го постигне тоа.
– Никогаш не му застанувајте на патот бидејќи сигурно ќе ве отстрани како секоја пречка. Тој е упорен и не се откажува ако нешто му е важно. Оди директно на целта, ако му е на приоритетната листа – вели астрологот.
Верен пријател
Лавот е секогаш лојален. Времето го поминува само со луѓе кои му значат.
– Тој избира друштво и ако одвои време за вас, знајте дека сте му важни и дека секако се грижи за вашето мислење. Не е злопамтило, знае да прости, но да не заборави што се случило со некои стари пријателства. Тој ги почитува другите и го очекува истото од другите. Ако ја изневеритр неговата доверба, ништо повеќе нема да биде исто – предупредува астрологот.
Има самодоверба
Лавот е многу горд и сака да се фали себеси и да биде пофален од другите. Тој дури бара и пофалби.
– Има многу идеализирана слика за себе и се сака себеси. Затоа не дозволува никој да му каже дека не е најдобар во сѐ, апсолутно во сѐ. Тој носи невидлива круна на главата и се однесува како да владее со светот. Вистина е дека добро се контролира и ги знае своите квалитети – заклучува астрологот.