Никако не ги фрлајте ЛУШПИТЕ ОД ЈАЈЦА: Измешајте ги со сода бикарбона и ќе добиете ЕКОЛОШКО средство за чистење!

popara14 април, 20221min00
25458_shutterstock-1626806662_f

Лушпите од јајцата речиси секогаш завршуваат во ѓубре, но не сте ни свесни за грешката што ја правите доколку ги фрлите.

Лушпите од јајцата содржат дури 90 проценти калциум – минерал кој ги штити нашите коски и придонесува за целокупното здравје.

Не постои храна која содржи толку калциум колку што ни е потребно.

Се разбира, ние нема да ги јадеме, но постојат разни други начини на кои можеме да ги искористиме.

Постојат бројни истражувања на американскиот „Национален институт за здравје“ за прав од мелени лушпи од јајца, а резултатите се одлични. Имено, прашокот од лушпи од јајце има бројни позитивни ефекти врз организмот.

Лушпи од јајца како ѓубриво за растенијата:

Лушпите од јајцата се полни со калциум карбонат, што е добро за растенијата.

Исушете ги лушпите и сомелете ги во прав или колку што е можно поситно.

Прашокот чувајте го во тегла за да биде секогаш на дофат на раката.

Прашокот од лушпите измешајте го со малку цветна земја и ставете го на место каде што е потребно малку ѓубриво.

Домашно средство за чистење:

Сувите лушпи од јајца сомелете ги во блендер додека не добиете фин прав. Измешајте го со сода бикарбона во сооднос 1:3, потоа додадете вода или оцет и со оваа смеса можете да исчистите изгорени тенџериња или тави, бигор на тоалетот и други „упорни“ наслаги каде обичните детергенти не помагаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma