Ники Минаж снимена како се заканува на новинар додека оди по црвениот тепих на „МЕТ ГАЛА 2022“ (ВИДЕО)

popara4 мај, 20221min00
Screenshot_4

Се појави видео од црвениот тепих на Мат Гала 2022, на кое се гледа како Ники Минаж се заканува дека ќе му удри шамар на еден од новинарите

 

Гламурозниот годишен настан, кој се одржа во понеделникот вечерта во Њујорк, познатите личности го претставија во нивните раскошни вечерни тоалети. Сепак, како што изгледа во последно време, гламурозните настани во Америка сѐ повеќе се низа инциденти каде гостите воопшто не се однесуваат гламурозно!

 

Темата на настанот во 2022 година во Музејот на уметност Метрополитен беше „Позлатен гламур“. Минаж се појави облечена целосно во црно со точки по лицето и телото. Додека одела по црвениот тепих, Минаж забележала некој на кој решила да му се спротивстави. Според медиумите, до оваа пресметка дошло поради „протекување информации“, односно дека Минаж го обвинила репортерот дека открил информации од настанот.

@shazzacarpenter

Uh oh! #NickiMinaj #metgala #metball #Nicki #foryou #foryoupage

♬ original sound – Sharon Carpenter

Видеото на TikTok објавено од новинарката Шерон Карпентер станува сè попопуларно на интернет бидејќи Минаж му се заканува на репортер. Насловот на видеото гласи: „Ники Минаж се соочува со новинар поради протекување информации за нејзиното присуство на Мет Галата“. На снимката се гледа како Минаж вели: „Еј ти. Дали ти си човекот што кажа дека ќе бидам тука?“ Потоа зад камерата се слуша глас кој вели: „Јас?

 

„Да ти“. Минаж одговара: „Тоа беше ти. Ќе дојдам и ќе ти удрам шамар. Дојди овде”. Видеото е нагло прекинато и не е јасно дали размената била сериозна или шега. Видеото е прегледано над два милиони пати и наиде на бројни критики, како за нејзиното однесување, така и за нејзиниот изглед бидејќи сите мислеа дека нејзиниот топ е многу помал отколку што требаше, а нејзината бујна биста беше „на повелете“. Меѓутоа, подоцна се појави уште едно видео, само од друг агол на Твитер. Се прекинува речиси во истата точка, но непосредно пред да заврши видеото, се гледа како Минаж се смее.

 

Минаж беше една од десетиците славни личности од А-листата на Мет галата во 2022 година. Темите на разговор беа Ким Кардашијан во фустан на Мерлин Монро, Хилари Клинтон која присуствуваше на настанот и светло розовиот костум на Себастијан Стин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma