Ќе направите голема штета
Во текот на летото често ја врзуваме косата, особено кога сме на одмор и излегуваме од море или базен.
Но, ако го направите тоа, правите голема грешка, велат експертите.
Имено, фризерката Рејчел Валентин откри дека никогаш не треба да ја врзувате косата додека е уште мокра.
Таа објави видео на „TikTok“ во кое објаснува зошто не треба да го правите тоа – кога вашата коса е мокра, таа е екстра чувствителна и полесно се крши, а значително ќе ја оштетите ако ја врзете во опавче. Сувата коса е многу поцврста и растеглива, така што има помал ризик да ја оштетите ако ја врзете кога е сува.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.