Популарната пејачка Адел уште еднаш ја покажа неверојатната фигура која ја одржува откако пред неколку години ослабе
Таа беше фотографирана со момчето Рич Пол и пријателите како уживаат во ноќно излегување. Таа носеше црн фустан кој ја истакна нејзината фигура и до израз ги доведе нејзината руса коса и очи.
Британската пејачка за неколку месеци успеа да ослабе преку 45 килограми, а оттогаш се труди да го доведе својот изглед до совршенство, што и оди многу добро. На оваа фотографија таа изгледа уште послабо, а бидејќи е во врска со познат кошаркарски агент, и многу посреќно.
Адел својата борба со вишокот килограми ја започна во 2017 година, а во 2020 година се појавија фотографии на кои пејачката беше непрепознатлива. По шестгодишна пауза, таа кон крајот на минатата година објави нов албум, а на почетокот на оваа година за него освои бројни значајни награди.
Адел беше во брак со Сајмон Конецки, се разведоа пред три години, а за сегашниот партнер ги има само најубавите зборови:
– Никогаш не сум била толку заљубена. Опседната сум со него – изјавила Адел.