Лесно се прави
Бајадерата отсекогаш важела за десерт кој се подготвува за специјални прилики, најмногу поради нејзиниот уникатен и неверојатен вкус.
Доколку сте љубители на класичната бајадера, ќе ви се допадне и белата верзија.
Состојки:
За првиот дел:
– 400 гр мелени бисквити
– 200 мл вода
– 200 гр шеќер
– 200 гр маргарин
За прелив:
– 150 мл вода
– 300 гр шеќер
– 400 гр млеко во прав
– 200 гр маргарин
Подготовка:
За првиот дел во тенџере сипете вода и шеќер и ставете го на шпорет да зоврие (околу 10 минути). Кога ќе згусне додадете го маргаринот и мешајте додека не се растопи. Штом тоа се случи, тргнете го тенџерето од оган. Кога малку ќе се излади додадете ги мелените бисквити и убаво измешајте. Кога состојките ќе се соединат, истурете ги во калап со саканата големина, па израмнете со лажица.
За вториот слој повторно сварете ја водата со шеќерот, па додајте го маргаринот и веднаш штом се растопи тргнете го од шпоретот. Истурете ја смесата во некој сад и постепено додавајте го млекото во прав, цело време матејќи со миксер. Веднаш штом ќе го измешате, прелијте ја смесата врз првиот дел и ставете во фрижидер да се стегне.
Најдобро е колачот да се остави преку ноќ. По желба можете да го посипете со кокос или чоколадни трошки.
Целиот процес на подготовка можете да го погледнете во следното видео.
Уживајте!