НИКОЛАС КЕЈЏ ОТКРИ ДЕКА ЧЕКА ДЕВОЈЧЕ СО 30 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА СОПРУГА: Необично име во НЕГОВА ЧЕСТ!

popara24 април, 20221min00
253975_profimedia0621406666_ls

Познатиот актер со нетрпение го очекува раѓањето на детето во шестата деценија.

Американскиот актер Николас Кејџ (58) и неговата 30 години помлада сопруга Рика Шибата од Јапонија чекаат дете, а сега актерот за прв пат проговори за полот на бебето, па го откри неговото име.

Имено, во последното телевизиско гостување, актерот објави дека чека девојче со Шабат, како и дека името го избрале по починатиот легендарен пејач Џон Ленон и неговиот татко Аугуст Оги Копола, пренесува „The News.com“.

-Ќе имаме девојче- рекол познатиот актер во шоуто и додал дека бебето ќе се вика Ленон Ауги.

Кејџ се сети на времето кога неговиот татко Аугуст „Ауги“ Копола бил диџеј и често ја свирел хит песната од Битлси, „Across the Universe“. Кога актерот имал четири години, за прв пат ја слушнал песната. Вели дека во тој момент „се смрзнал“ и „парализирал“, а оттогаш а негова омилена песна. Во чест на оваа мелодија и таткото на Кејџ, актерот и неговата сопруга планираат да ја именуваат својата ќерка Ленон Ауги.

Инаку, Николас Кејџ е татко на два сина кои ги има од претходните врски, додека ова ќе му биде прво дете со неговата петта сопруга Рика Шабат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma