Николас Кејџ чека дете со 30 години помладата сопруга: Глумецот го открил полот на бебето и кое име го избрале

popara23 април, 20221min00
riko-shibata-nicolas-cage-nikolas-kejdz-sa-zenom001-830x0

Николас Кејџ и неговата 30 години помлада сопруга Рика чекаат дете, а легендарниот холивудски актер за прв пат проговори за полот на бебето и откри како ќе се вика.

Имено, тој како гостин во една емисија признал дека во нивниот дом доаѓа неговата ќерка.

– Ќе добиеме девојче – рече тој, а публиката го награди со аплауз.

Нешто подоцна, тој открил дека девојчето ќе се вика Ленон Оги, по покојниот Џон Ленон и таткото на Кејџ, Оги Копола.

Тој се присети на времето кога неговиот татко бил диџеј и ја свирел песната на Битлси „Across the universe“. Актерот имал четири години кога првпат ја слушнал песната и истакнал дека останал закопан на тоа место и дека оттогаш му е омилена песна.

Да потсетиме, Кејџ ја запозна својата сопруга во нејзината родна Јапонија во 2020 година. Набргу потоа таму се верија преку Фејсбук, за да се венчаат минатата година, на 16 февруари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma