Авионот со кој британската кралица Елизабета Втора се врати во Лондон од Шкотска во вторник пред платинестиот јубилеј беше принуден да го одложи слетувањето поради лошите временски услови.
96-годишната кралица се враќаше од својата шкотска резиденција Балморал, која ја посети за да направи кратка пауза пред четиридневните церемонии низ целата земја на прославата на нејзината 70-та година на тронот.
„Летот на кралицата беше одложен поради невреме со грмотевици, сите процедури беа испочитувани и немаше причина да се грижиме за нејзината безбедност“, изјави портпаролот на Бакингемската палата за NBC News рано во средата.
Кралицата се врати во замокот Виндзор пред националната забава, која треба да започне во четврток, потврди палатата доцна во вторникот.
Но, пред тоа таа мораше да издржи малку драма, според извештаите на локалните медиуми.
Невреме со грмотевици, дожд и град го принудија џетот со 13 седишта со кој леташе да престане да слетува и да се врати на небото само неколку секунди пред да слета во северен Лондон, објави британскиот весник Сан. Авионот на крајот кружеше над главниот град околу 15 минути додека не се сметаше за доволно безбеден за втор обид за слетување откако громот запре.
Медиумите пишуваат дека кралицата изгледала прилично смирено по драматичното слетување и дека на нејзиното лице не можело да се забележи вознемиреност или загриженост, што уште еднаш покажало колку е смирена и во најдраматичните ситуации.