Леонардо ди Каприо не мирува на љубовен план и очигледно не губи време. Новиот шокантен пар, Џиџи Хадид и Леонардо ди Каприо, според американските таблоиди, ја развиле нивната љубовна афера кон поинтимна фаза, иако извори блиски до парот велат дека врската „полека се развива“.
Според гласините, 27-годишната манекенка и 47-годишниот актер се забавуваат со месеци, излегувајќи со иста група пријатели. Други гласини тврдат дека Ди Каприо и Хадид „најчесто излегуваат сами, како пар“.
Да потсетиме дека актерот во медиумите беше актуелен неодамна по тоа што ги оставал девојките штом наполнат 22 години и дека само пред една недела се забавувла со 22-годишната манекенка од Украина, Марија Берегова.
Погледнете ТУКА