Откако беше идентификуван видот на коронавирус наречен омикрон, нова комбинација на вируси го исплаши светот.
Првата комбинација на две болести, вирусот КОВИД-19 и грипот, наречена флурон, е пријавена во Израел.
Како што се наведува, пациентката е млада трудница која е во болница, но со благи симптоми. Израелското Министерство за здравство го проучува случајот со оваа комбинација на вируси.
-Корона вирусот и грипот и беа дијагностицирани веднаш штом пристигна во болница. Двата теста се позитивни и по двојна проверка – изјави началникот на гинекологија во болницата каде што е примена оваа пациентка.
– Оваа болест е истата болест, лесно се шири и предизвикува отежнато дишење, бидејќи и двете го напаѓаат респираторниот систем.
Од друга страна, се наведува дека трудницата не била вакцинирана против ковид или грип. Таа била пуштена од болница откако било потврдено дека е во добра состојба.
Сè уште не се знае многу за флуроните. Во Израел се проучува случај за да се утврди дали оваа комбинација на вируси предизвикува посериозни болести. Забележано е алармантно зголемување на заболените од грип; една 31-годишна трудница почина од компликации по грип во деветтиот месец од бременоста. Нејзиното бебе е родено со царски рез и преживеало.
– Минатата година немавме случаи на бремени жени и мајки заболени од грип, а сега гледаме случаи кога короната и грипот се комбинираат – се наведува.
Од Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ потврдија дека на еден пациент во Хрватска му е дијагностициран флурон, во случајов комбинација на коронавирусна инфекција и свински грип.
Како што пишува 24sata.hr, станува збор за комбинација на грип и корона, а информациите од Институтот наведуваат дека се работи за вирусот на инфлуенца А, таканаречениот сој на свински грип H3N2.