Новиот сопруг нема да добие ни денар од Бритни Спирс: Еве колку милиони е „тешка“ поп ѕвездата

popara16 јуни, 20221min00
britney-spears-sam-asghari-830x0

Таа ќе го задржи целото нејзино богатство ако работите тргнат наопаку меѓу неа и Сем

Бритни Спирс и Сем Асгари се официјално во брак. Меѓутоа, пред да можат да го кажат судбоносното „да“, мораа да решат некои многу сериозни правни работи за да ги заштитат милионите на Бритни.

Извори блиски до младенците за „TMZ“ велат дека имаат цврст предбрачен договор во кој Сем не добил ниту еден долар од богатството што Бритни го стекнала досега. Овој потег и не е толку изненадувачки, бидејќи адвокатите биле повикани „на помош“ набргу откако парот се свршил.

Наводно Бритни е „тешка“ 60 милиони долари и очигледно е потенцијал за сериозна заработка, но доколку работите тргнат наопаку меѓу неа и Сем, таа ќе го задржи целото свое богатство.

Пред неколку месеци, Асгари се пошегува дека тој сакал предбрачен договор за заштита на „својата колекција на џипови и чевли“, но изворите тврдат дека тимот на Бритна бил тој што ги иницирал правните спорови.

Да се потсетиме, Сем и Бритни се венчаа минатата недела во Лос Анџелес во куќата на пејачката. Меѓу присутните беа Мадона, Парис Хилтон, Селена Гомез и други. Никој од семејството на Бритни не присуствуваше на прославата.

Исто така, по повод нејзиниот нов брак, Бритни купила нов дом за Сем и за себе. Имено, таа потрошила 11,8 милиони долари за вила во Калабасас. Куќата од преку 1.000 квадратни метри се наоѓа сосема блиску до местото каде што живее нејзиниот поранешен партнер Кевин Федерлајн со двата сина Шон и Џејден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag