НОВИТЕ ЧЕВЛИ ВИ СЕ ТЕСНИ? Постои трик како да ги направите поудобни! (ВИДЕО)

popara13 септември, 20221min00
405639_dalton-touchberry-5qmvvx5fog4-unsplash_f

Носењето нови чевли за прв пат може да биде пекол, особено кога ќе сфатите дека требало да купите број поголеми. Но, не грижете се, постои идеално решение и за тоа

За да го решите овој проблем, се што ви треба е фен за коса, пар обични чорапи и пар најдебели чорапи што ги имате. Ако немате дебели зимски чорапи, ќе послужат и два пара обични. Облечете ги двата пара чорапи и обидете се да ги облечете новите чевли.

Потоа вклучете го фенот и насочете го топлиот воздух кон делот од чевелот каде што притисокот е најсилен. Исклучете го фенот за коса кога ќе почувствувате дека чевлите ви се олабавуваат под ударот на топлината.

Потоа одете додека чевлите целосно не се изладат, па соблечете ги. Облечете ги повторно, но без дополнителниот пар чорапи, за да видите дали ќе бидат поудобни. Ако не, повторете ја постапката.

Експертите за чевли забележуваат дека овој трик не треба да го користите на чевли од чувствителни материјали. Ова првенствено се однесува на обувките направени од пластика и други синтетички материјали.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma