Спорот меѓу поранешните сопружници трае веќе шест години, а масата обожаватели ширум Светот едвај го чека епилогот од драмата
Судењето на деценијата, како што многумина го нарекуваат, меѓу познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, започна вчера, а сега во јавноста стигнаа некои детали од судницата.
Во јавноста стигнаа некои детали од судницата, како на пример како Деп наводно бил насилен во бракот со сопругата.
-Ја потпрел на шанкот. Ја мавал со шишиња. Ја влечел по подот, по скршеното стакло. Ја удрил со нога. Тој и рекол дека ќе ја убие, дека ја мрази. А потоа и пенетрирал во неа со шише – тврдат адвокатите на Амбер Херд, додека ПР-от на актерот демантираше сѐ.
– Овие фиктивни наводи не беа изнесени на почетокот на обвинувањата на Амбер во 2016 година, а погодно се појавија дури години подоцна, кога беше тужена за клевета бидејќи во својот текст изјавила дека била жртва на сексуално насилство. Зборовите се клучни во тужбите за клевета, а интересно е што до ова обвинение дојде дури потоа. Ова го следи моделот на нејзините елаборирани, лажни тврдења кои се променија и еволуираа со текот на времето за целта на шокот во холивудски стил што Амбер го совлада и употреби сериозно општествено движење за да го стори тоа, рече тој.
Адвокатката на Деп, Камила Васкез, на почетокот на судењето изјавила дека Амбер многу се трудела прво да го придобие актерот, а потоа целосно ја свртела приказната и почнала да го понижува.
„Госпоѓица Херд е многу проблематична личност која манипулира со луѓето околу неа“, рече таа, додавајќи дека Амбер во тоа време била склона кон физичко насилство.
– Му фрлаше работи, го удираше, му кажа дека е кукавица, дека не е доволно маж затоа што не сака да се кара со неа – продолжи Васкез.
Адвокатката на Амбер Херд исто така тврди дека единствениот виновник е Деп кој е полн со гнев.
„Тој гледаше на Амбер како на негова мајка и на своја сестра што ја мрази“, рече таа, додавајќи дека неговиот гнев го подгревале алкохолот и дрогата.
Од друга страна, Камила тврди дека пријателите го предупредиле актерот за природата на Амбер.