Нов начин на нега на лицето: Знаете ли што е „JELLO“ кожа? (ВИДЕО)

popara12 јули, 20221min00
70718cf5fe1ede803bb2268a249af419ba4df034

Кожата е полна и хидрирана

Еден од најновите трендови на Тик Ток целосно ги полуде жените, а тоа е новиот третман за лице „Jello“, кој го измислила една од корисничките на социјалната мрежа Тик Ток.

Новиот термин целосно го зафати светот, а нејзиното видео стана вирално со брзина на светлината и собра над 1,5 милиони лајкови.

– Тоа е како совршена конзистентност на желе! – вели оваа девојка во видеото, чие видео предизвика различни дискусии, а во некои од нив се приклучија и разни брендови, креатори, и дерматолози.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Како да постигнете чувство налик на желе?

– Три работи се клучни. Колаген, еластин и вода. Сите молекули се неопходни за младешки изглед на кожата – рече д-р Лијани Мак, додавајќи дека со кожата може многу да се направи за да се зачува колагенот. Таа предлага дневна доза на антиоксиданс витамин Ц и силен заштитен фактор од најмалку 30 за да се намали разградувањето на колагенот, како и ретиноид, хидратантен крем и редовна ексфолиација.

„Јас и моите колеги би се согласиле дека користењето локален ретиноид е клучно кога се обидуваме да постигнеме „Jello“ кожа“, заклучи д-р Мак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma