Многу девојки би сакале да изгледаат убаво дури и кога плачат, но има и такви кои буквално сакаат да изгледаат како да плачеле
Иако мислите дека не постои некој нов тренд за шминкање што наскоро ќе се појави, имајќи предвид дека имавме различни транзиции од истакнато руменило, тенко исцртани веѓи, густи веѓи, металик сенки, контурирање и сè помеѓу, брзо би биле демотивирано.
Неодамна, интернетот се преплави со уште една иновација наречена „плачна шминка“ (cryingmakeup).
Всушност, се работи за тоа да се шминкате за да изгледате како да сте поминале некое време плачејќи.
Овој изглед се постигнува со вистинските сенки, руменило, сјаеви и хајлајтери, а судејќи според бројот на објави на социјалните мрежи „TikTok“ и „Instagram“, трендот станува се попопуларен.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
На образите нанесете благо руменило, нежни нијанси на кармин на усните, а крема на кожата која мора да биде сјајна. Секако, на трепките ставете маскара, додека на долниот дел од трепките треба да ставите малку цветки.
Дали некогаш би носеле ваква шминка?