Доколку имате проблем со вишок железо во крвта, нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека треба да избегнувате конзумирање на витамин Ц
Иако е поретко, некои луѓе се соочуваат со проблем со вишок железо во крвта.
Симптомите честопати може да отсуствуваат, а доколку се појават најчесто се во форма на:
– замор
– слабост
– губење на тежината
– болки во стомакот…
Овие симптоми понекогаш, доколку не се лекуваат, може да се развијат во:
– дијабетес
– срцева болест
– артритис
– зголемување на црниот дроб…
Сепак, состојбата може да се лекува со воведување промени во исхраната, за што говори и нутриционистката Наташа Ѓукиќ:
– Железото е елемент кој има бројни функции во човечкото тело. Еден од вообичаените проблеми од кои страдаат голем број луѓе е недостатокот на железо во организмот или анемијата, но не ретко луѓе страдаат и од сосема спротивен проблем, односно имаат покачено ниво на железо во крвта. – посочува таа и открива што треба да правите, за да го намалите нивото на железо во крвта:
– Прво, секако, намалете ја храната која содржи големо количество железо, пред се црвеното месо.
– Следно, избегнувајте да земате витамин Ц, со намирници кои содржат железо.
– И последно, но не и најмалку важно, погрижете се да не подготвувате храна во садови што имаат железо.