НУТРИЦИОНИСТ ЈА РЕШАВА МИСТЕРИЈАТА: Еве дали е доволно само да ги исфрлите лебот, компирите и тестото за да ослабнете!

popara10 април, 20221min00
511953_diet-gcdd412b23-1920_f

Многу луѓе мислат дека за да ослабат, потребно е да се откажат од одредена храна.

Меѓутоа, дали е тоа така.

Нутриционистката Марија Ѓукиќ истакнува дека кај слабеењето е всушност важно броењето. Треба да имате недостаток на калории, што значи дека трошите повеќе калории отколку што јадете, а тоа всушност нема многу врска со видот на храната.

– Слабееме кога сме во калориски дефицит. И тоа навистина нема врска со тоа дали јадете леб, дали вечерате и слично, туку само и исклучиво со тоа дали јадеш колку што ти треба, како и во согласност со тоа колку си активен. Затоа што ако не јадете леб, а внесувате планина калории преку поголема порција од било која храна, десерт или сокови што ги голткате цел ден, ништо не сте направиле и затоа не слабеете – вели Марија и додава:

– Овде доаѓаме до една друга работа која исто така ја прави суштината на слабеењето, а тоа е дека ниту една храна не дебелее. Што можеме да го кажеме на друг начин, дека сите се дебелеат ако претераат со количината.

Значи, нема потреба да се откажувате од омилената храна, само важно е да не ја јадете во големи количини, како и да вклучите физичка активност и резултатите нема да изостанат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma