Обидете се да го пронајдете телефонот за помалку од 5 секунди: тестирајте ја вашата моќ на набљудување

popara25 август, 20221min00
skrivalica02-830x0

Погледнете го внимателно секој предмет на илустрацијата

Авторите на криенки и загатки секогаш се трудат да ни отежнат кога станува збор за наоѓањето скриени предмети. Судејќи по неколкуте детали и играчки на оваа илустрација, можеме да заклучиме дека авторите на оваа загатка имаат за цел да ви одземат време и малку да ве уморат.

Имено, на илустрацијата се гледаат родители како си играат со своите деца, а околу нив владее целосен хаос. Играчки насекаде, истурено кафе, извалкани ѕидови, а во сето тоа треба да го пронајдете телефонот.

Тешко нели? А ќе биде уште понапорно кога ќе ви кажеме дека рекордот е пет секунди, иако авторите велат дека најреално е телефонот да се најде за 15.

Ако сè уште се мачите да го пронајдете телефонот, можеме да ви понудиме совет – не е мобилен телефон, туку фиксен, и се наоѓа некаде на средината на илустрацијата.

Дали го забележавте сега?

Ако не, погледнете го решението подолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma