Ако некој ви кажеше дека вашето бебе може да ви помогне да ја исчистите куќата, веројатно слатко ќе се насмеевте.
Меѓутоа, што ако навистина е така?
Секако, не треба да очекувате мало бебе да посегне по крпа и вешто да ги отстрани сите дамки од маснотии, но една работа што ќе ја купите специјално за бебе може да биде многу корисна алатка за чистење.
Тоа е бебешко масло кое секое семејство со новороденче го поседува и го користи за нега на бебешката кожа. Можеби ви звучи необично, но многу корисници на TikTok ги споделија своите искуства со овој продукт.
Детското масло, наводно, помага да се зачува сјајот и чистотата на мијалникот откако ќе го измиете, дури и за следниот ден. Само треба да ставите малку масло на магичната крпа и да го исчистите мијалникот. Постапката повторувајте ја барем еднаш неделно, на чист мијалник и ќе блеска засекогаш.
Можете исто така да користите бебешко масло за одржување на шпорети, фрижидери и други метални апарати во куќата. Постапката е иста како и при чистење на мијалникот и ќе ви помогне да го одржувате подолго време без дамки.
Друг интересен начин на кој можете да го користите маслото за бебиња е да го расплетувате стутканиот накит.