Оваа препознатлива обувка со потекло од северот на Европа, која традиционално се поврзува со Холандија и Шведска, доживеа големо враќање благодарение на некои парчиња облека носени во текот на 70-тите.
Кломпите денеска ги освоија најпребирливите љубители на модата, кои ги носат со здолништа, шорцеви и фустани.
Тие првпат се појавија во колекцијата „Шанел“ на Карл Лагерфелд за пролет/лето 2010 година, за да се вратат на модните писти од сезона во сезона.
Ги има во многу дезени, а можете да носите рамни, но и со потпетица.
Најефективни се оние со животински принт кој одлично оди со долги здолништа и фустани.
Привлечно парче се и кломпите со потпетици, а одлично се комбинираат со цигарет тесни панталони или фармерки.
Долгите ѕвонарки се хит во последните две сезони, а кломпите со потпетици изгледаат одлично и во оваа комбинација.
Посебно необични и шик се кломпите со крзно кои особено ги обожаваат сите дами кои се облекуваат по најнова мода.