Веројатно нема личност на која омиленото парче облека не и се деформирало толку лошо после перењето што станало непрепознатливо.
И покрај упатствата на етикетите и вниманието поради деликатниот материјал, се случува скапата гардероба да се собере толку многу што само вашите деца ќе можат да ја носат.
Стилистите велат дека не е решение поради тоа да купувате секогаш поголем број, но за оваа облека задолжително направете го тоа, особено ако е од памук и волна, пишува „Вименс хелт“.
- Маици
Според составот претежно се памучни, па постои ризик при миењето да се намалат за дури 20 отсто. Бирајте за број поголема. Пошироката маичка има уште една предност – бидејќи не се лепи многу на телото, нема да имате проблеми со дамките од пот.
- Волнени џемпери
Кога купувате џемпери, особено оние од волна, не двоумете се кога ви се „малку поголеми“. Ова е вистинската големина доколку сакате да го носите по првото перење. Волната е таков материјал со кој што треба да бидете особено внимателни при перењето. Лесно ја менува бојата и обликот, а најбрзо се собира.
- Кошули
Памучните кошули се „скратуваат“ по перењето, исто како и памучните маички, но проблемот со нив е што не можете веднаш да знаете каде ќе се „стеснат“ – кај ракавите, околу рамениците, околу градите…
Затоа најдобро е да купите поголема кошула за да не дојдете во непријатна ситуација по миењето.
- Чорапи
Удобни и квалитетни чорапи се оние памучните, па доколку сакате шевот од петицата да ви стои на петицата, задолжително купете поголем број, бидејќи по миењето ќе бидат таман.