ОБЛЕЧЕТЕ ГИ ПАТИКИТЕ, ДЛАБОКО ВОЗДИВНЕТЕ И ТРГНЕТЕ: 3 причини зошто треба трчањето да го внесете во неделните активности

popara24 април, 20221min00
Karlie-Kloss-0416444331 (1)

Веќе е стара вест дека спортот е медитација во движење и дека секоја активност е корисна не само за физичкиот изглед туку и за здравјето воопшто. Дали знаевте дека 30 минути трчање неделно за само еден месец го зголемува квалитетот на сонот, ги подига расположението и концентрацијата?

Ова е само една од придобивките зошто треба да почнете да трчате, а еве уште неколку причини.

Со трчање против целулитот

Трчањето е аеробна активност која ќе ви ја забрза циркулацијата, метаболизмот и потрошувачката на масти. Така, телото побрзо ќе ги исфрли штетните работи кои создаваат целулит.

Потрошете ги калориите од ручекот за миг

Ова е активност која бара многу малку вложување, потребни ни се само тренерки и патики. Плус за еден час трчање можеме да согориме помеѓу 700 и 800 калории. Добрите страни на оваа спортска активност одамна ги знае актерката и модел Гал Гадот, која често вели дека трчањето е клучно за нејзината витка линија.

Вашиот мозок ќе ви се заблагодари

Кога сте зафатени со трчање, мозокот полесно наоѓа креативни решенија. Можете да излезете со деловни задачи и идеи од ведро небо. Кислородот им овозможува на нашиот мозок и нервниот систем да функционираат подобро.

Можеби е време да ги облечете патиките и да прошетате до најблискиот парк, плажа или насип. Со оглед на популарноста на трчањето, има се повеќе клубови, трки, а искусните тркачи велат дека ви треба многу малку за да се навикнете. Еве можност да го скршите мразот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma