Обожавате МАЈОНЕЗ? Еве кога може да биде опасен по здравјето и колку е всушност ШТЕТЕН

popara11 јуни, 20221min00
27965_majone_f

Кога станува збор за овој тип на намаз, луѓето се строго поделени во две групи. Оние кои го обожаваат и оние кои го презираат. Меѓутоа, ако сте љубител на мајонез, веројатно го јадете со речиси секое јадење.

Од колбаси до салати, треба да знаете што може да се случи ако претерате со омилената храна.

Рускиот гастроентеролог и нутриционист Нурија Дијанова објасни какви здравствени последици може да ви се случат доколку претерате со мајонезот.

Упатени сме дека храната е „смрт“ за холестерол, 100 грама содржи и до 60 отсто масти, што значи дека мајонезот е поштетен по здравјето и има повеќе масти од најмасната павлака.

Дијанова предупреди дека доколку претерате со конзумирањето мајонез, голема е веројатноста да имате проблем со вишокот килограми, а ќе се појават и болести како панкреатитис и холециститис.

Покрај тоа, може да дојде до релаксација на дигестивниот тракт, што ќе доведе до чести напади на гастритис.

Што е панкреатитис?

Панкреатитис е воспаление или инфекција на панкреасот. Оваа состојба се јавува кога ензимите (липаза и амилаза) кои панкреасот ги лачи се активираат во самиот панкреас наместо да излегуваат од него неактивни кон дуоденумот. Овој феномен доведува до оштетување на ткивото на панкреасот, што доведува до воспаление.

Што е холециститис?

Акутен холециститис е воспаление на ѕидот на жолчното кесе придружено со абдоминална болка и треска, во повеќето случаи поврзано со билијарна калкулоза (жолчни камења).